(ВИДЕО)Ристовски: готов е проектот за реконструкција на Универзалната сала, следат административни процедури

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Јавноста со нетрпение очекува решавање на неколку горливи прашања поврзани со спортските објекти во Прилеп за кои се бараат долгорочни решенија за спортистите и рекреативците да се вратат онаму каде што им е местото во спортската сала Универзална, комплексот Маркови Кули и спортската сала Македонија. Во програмата Радио што се гледа разговаравме со министер за спорт Борко Ристовски за прашања од спортската инфраструктура во Прилеп, но и за соработката на министерството со спортските федерации, со локалните самоуправи, дали и како ќе се реформира системот за ваучери во спортот.

Кога ќе биде ставена во функција Универзалната сала, кога и дали објектот од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (некогашно ПУИК)  ќе ја отстапи на прилепската компанија Комфи Ангел која пројави интерес за земање под концесија?

– Стигнаа некои негативни дезинформации дека од Владата стигнало негативно мислење за преземање на салата од страна на Комфи Ангел, што треба да се демантира и не е апсолутно точно. Она што можам да кажам и да потврдам е дека имав разговор со сопственичката на компанијата Комфи Ангел кои што ми потврдија дека ниту до нив, ниту до нас нема никакво известување во таа насока. Деновиве ќе се одржи состанок меѓу претставници од компанијата и директорот на ПУИК кои што во моментов го имаат владението врз салата заради неисплатени долгови кон државата.  Проектот е готов за реконструкција на салата. Можеби се одолговлечи повеќе од што се очекуваше. Но, тоа се тие административни потешкотии. Со оглед на тоа што таа сала е повеќе години затворена, месец, два или три плус, нема да бидат проблем, се’ во интерес на вистинско решавање на проблемот со статиката и конечно таа сала да се стави во функција, посочи Ристовски.

Повеќе од разговорот за останатите спортски објекти: комплексот Маркови кули, салата Македонија, за состојбата со Победа, како ќе се поттикнува развојот на ракометот…

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: