(ВИДЕО) Ќе добие ли Прилеп нов второлигаш?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полека привршуваат натпреварите во националните фудбалски првенства, па од тука и се креираат горните позиции но и позициите кои носат бараж за влезе еден ранг погоре.Така е и во третата фудбалска лига – југ , каде на неколку кола до крајот лидерската позиција е за Големо Коњари кој првата позиција ја држи од стартот на шампионатот.Клубот кој има долга фудбалска историја за Прилеп , повторно е во најповолна позиција која носи бараж за пополнување на место кое води во второлигашко друштво.Од клубот велат дека го имаат ентузијазмот и желбата да се надигруваат со противниците и во втората лига , потребно е да се обнови инфраструктурата која е потреба за настапи во овој ранг , а домашниот терен е во беспрекорна состјба велат од Големо Коњари.За спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ , во #РАДИОШТОСЕГЛЕДА  , претседателот на клубот Тони Даноски  истакнна дека нема поубаво чуство за жителите на Големо Коњари да го гледаат својот клуб да се натпреварува што повисоко во македонските првенства , но за се треба само да се обнови инфраструктурата што ја поседува клубот.Во продолжение и целиот разговор погледнете го во видеото.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нова ера во профи боксот во земјава , Simfonija Boxing NIght на 27ми септември во Прилеп

Професионалниот бокс се враќа во Прилеп! Нова ера во профи боксот во земјава , заедно со најдобрите професионални боксери од Македонија и регионот.Simfonija Boxing Night ќе биде незаборавна вечер исполнета со возбудливи борби и незаборавна забава.Сабота 27,09.2025 , Сала „Симфонија” – Ново Лагово , Прилеп со почеток во 19часот  ...

Министерот Трипуновски тврди: “Годинава нема потреба да увезуваме пченица!“

Со повеќе од 280 000 тони пченица од овогодишното производство, речиси целосно ги задоволуваме потребите на земјата и оваа година нема потреба да зависиме од набавки од странство, изјави во Прилеп министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој денес присуствуваше на манифестацијата „Млеко 2025“. Оваа година се проширени...

(ВИДЕО) Победа испушти два гола разлика , триумфот за охриѓани

Иако за само 20 минути Победа создаде убаво водство на денешниот натпревар , со головите на Петрески и Дебрешлиоски во 9 и 13 минута , сепак на крајот гостите ги однесоа трите бода.Димитриески , Каланоски и Глигоров беа фудбалерите од гостинскиот состав кои го поставија конечниот епилог на денешната пресметка.И...