Мермерот и тутунот доминираат, клучни генератори на прилепската економија се гигантите „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“, но минатата година и дурги прилепски фирми се најдоа на скалилото на успешни, и станаа дел од групата наjпрофитабилни фирми во реалтивно разновидната индустрија во Прилеп.
Според податоците од порталот Фактор.мк, финансиското друштво Цемак – Кредити на Миле и Тони Велески се најде меѓу десетте компании од Прилеп со најголеми остварени добивки во 2025. Компанијата за брзи кредити за минатата година има заработка од 888.000 евра.
Во рангот Топ-10 компании со најголеми добивки во Прилеп се најде и Леонидсат, која е регистрирана во 2009, но претходните години била неактивна. Сега е во сопственост на Дејан Тодоровиќ од Белград, а порано оваа фирма била поврзувана со малцинско сопствеништво во Тотал ТВ.
Преземено од порталот faktor.mk – Повеќе на линкот ТУКА









