Во судир со мопеди почина 13 годишник од Лажани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Полициската станица Прилеп вчера, на 02.05.2025 година во 08.50 часот било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирaна од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба. Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прогласување кризна состојба од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила...

Средба на бизнисмените од Пелагонија за новините од Законот за сезонско вработување

Денеска Регионалната стопанска комора – Прилеп, со своите членки и претставници од регионалните стопански комори од Кавадарци и Битола одржаа средба со релеватните преставници на централните институциите со цел запознавање со новините на Законот за сезонско вработување и Законот за вработување на лица со попреченост . Од први јануари почнува...

Од 1 ви јануари струјата поскапува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата. Поскапувањето ќе изнесува: Првиот блок – 2,45% Вториот блок – 2,87% Третиот блок – 3,32% Четвртиот блок – 3,84% Евтината тарифа – 2,5% Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека ова се значително пониски...