Еко акција на компанијата ТИЛА и учениците V a одделение при ООУ „Кочо Рацин“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската компанија ТИЛА заедно со учениците од V a одделение на ООУ  „Кочо Рацин“ Прилеп, предводени од наставничката Анета Станкоска, успешно реализираа Еко-акција „За почиста средина“ во паркот над езерото.
Во рамките на акцијата, учениците ентузијастички и посветено го чистеа отпадот оставен по излетничкото прославување на 1 Мај, исполнувајќи 40 вреќи со ѓубре за само два часа.
„Оваа наша иницијатива има за цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина и да поттикне активна одговорност кај граѓаните.Чистата околина е наша колективна одговорност. Преку вакви активности ги мотивираме најмладите да станат вистински чувари на природата,“ истакна Наташа Шејкероска од TILLA.
Компанијата TILLA има долгогодишна заложба за еколошка одговорност и активна соработка со локалните училишта.
Минатата година, во партнерство со учениците од ООУ Кочо Рацин од Прилеп, реализираше пошумување со 2.000 садници, а годинава фокусот беше насочен кон чистење и едукација за животната средина.
„Преку креативен пристап и директно вклучување на учениците, се надеваме дека ќе влијаеме позитивно врз нивната перцепција за природата и потребата за нејзино зачувување,“ додадоа од TILLA.
Пораката е јасна: Чистата околина е наша заедничка одговорност! Ако сакаме да живееме во почист свет, треба да започнеме од себе и да ги учиме најмладите за важноста на грижата кон природата. По завршувањето на еко-акцијата, учениците уживаа во кратка пауза и заедничка игра, славејќи го нивниот труд и успех.
Компанијата TILLA ќе продолжи со иницијативи насочени кон одржлива иднина, поттикнувајќи позитивни промени во заедницата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп одбележа 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев

Прилеп одбележа 122 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 113 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чиј што гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагација од...

Наместо победа, натпревар без голови во Прилеп

Денешниот меч на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп меѓу Победа и Осогово  во рамките на 27 то коло од ВМФЛ започна со оддавање почит со едноминутно молчење кон прерано починатиот Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер од Прилеп. Негова фотографија беше истакната на големата трибина, а целата публика неколкупати...

Во судир со мопеди почина 13 годишник од Лажани

Во Полициската станица Прилеп вчера, на 02.05.2025 година во 08.50 часот било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село...