Шумски полицајци нападнати од три лица кај Гостиражни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од полицискиот билтен информација за физички напад кон припадници на Шумската полиција.

„На 10.06.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници од Шумска полиција Прилеп пријавиле дека при преземање на службени дејствија во атар на с.Гостиражни, прилепско, биле физички нападнати од три лица, при што еден шумски полицаец со службениот пиштол испукал еден предупредувачки истрел во воздух, а лицата го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“стои во полицискиот билтен на СВР Битола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со претставите „Едмонд“ на Битолски и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ се затвора програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со последните претстави во официјалната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Вечер од 19 часот во Центарот за...

Уште еден оперативен подвиг во современата ортопедија на прилепската болница

Во Прилепската болница тимот на ортопедското одделение направи оперативен голем исчекор во третманот на оштетувањата на зглобната ‘рскавица. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и...

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци. Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура....