Две лица починаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп–Градско, во близина на клучката за Кавадарци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на новиот експресен пат Прилеп – Градско, во близина на клучката за Кавадарци, животот го загубиле две лица, а едно лице е тешко повредено, информираат од Брзата помош во Кавадарци и Територијалната противпожарна единица кои интервенирале на местото на настанот.

Во изјава за МИА  докторот Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци, посочил дека директниот судир се случил меѓу две патнички возила. Во едното возило загинале маж и жена, додека во другото возило 39-годишен маж од Прилеп бил тешко повреден и во критична состојба пренесен во Општата болница во Кавадарци.

Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, сопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци -информираа од СВР Велес.

Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредениот ниту за причините за несреќата.

Очевидци кои се нашле во близина велат дека екипите на Итната медицинска помош и пожарникарите пристигнале многу брзо на местото на несреќата. Пожарникарите го извлекле тешко повредениот од едно од возилата, по што веднаш бил пренесен на болничко лекување.

Извор/фото МИА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела ќе се случи „Prilep run” со околу 300 учесници!

В недела, на 14 јуни,  со почеток од 8.00 часот  со почетно место на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп ќе се случи хуманитарната трка „Прилеп рун” под мотото „Трка со срце“. Пријавите беа отворени до 7 јуни, а на патеките долги 5 и 10 километри ќе трчаат околу 300...

Шумски полицајци нападнати од три лица кај Гостиражни

Од полицискиот билтен информација за физички напад кон припадници на Шумската полиција.

Со претставите „Едмонд“ на Битолски и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ се затвора програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со последните претстави во официјалната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Вечер од 19 часот во Центарот за...