60 години ЛК „Копнеж“: За јубилејот – Поетски караван

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Раче Мицов, претседател на ЛК „КОПНЕЖ“ при библиотеката „ИСКРА“- Кочани, во разговор не информираше дека почнал со реализација есенскиот Поетски караван.

Поетскиот караван е посветен на 60 годишнината од формирањето на ЛК „КОПНЕЖ“ и одбележувањето на Месецот на книгата, кој започнува на 15.10.24. и трае до 15.11.24 година.

Првата поетска средба е реализирана на 18.10.24. со учениците од деветолетката „Св.Климент Охридски“ од Облешево. Од ЛК „КОПНЕЖ“ учествуваа 5 поети а од училиштето 7 ученика. Наредната недела ќе бидат посетени: во вторник, 24.10. со почеток во 12,оо ч, гимназијата „ЉУПЧО САНТОВ“, а во среда, 25.10, со почеток 11,30 ч деветолетката „ Малина Попиванова“.

Во октомври и ноември ќе бидат посетени сите основни и средни училишта од општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Ги повикуваме љубителите на пишаниот збор, кои имат напишано или се љубители на литературни творби, во договор со „ЛК-КОПНЕЖ, да присутвуваат на поетските средби, велат од Литературниот клуб од Кочани.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ШЕСТКА ВРЕДНА НАД 460.000 ДЕНАРИ

Во 82 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 5, 6, 16, 26, 30 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 465.696,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 52.757.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 1, 4, 3, 9, 6. Добивки со шест и пет погодоци немаше.

Околу 7.000 фирми не им исплаќаат плата на своите вработени

Според статистичките податоци, во државата се вработени вкупно 702.410 лица, а само 538.869 биле на платен список. Разликата меѓу вработените и оние што не земаат плата и не е така мала и излегува дека вкупно 163.541 лице во државата не зело плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека дел од овие работници кои

Во Кочани се одржа завршната конференција на проектот „Заедно кон Европа“

Во просториите на  GREEN HUB – Кочани се одржа завршната конференција на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“, спроведен од Здружението на Роми ,,АВЕНА ,, од Кочани со поддршка од Министерството за односи со заедниците. Проектот се реализираше во источниот регион на Северна Македонија, најмногу во најголемите општини Кочани и Штип, со цел