🙏Да помогнеме-семејство од Воѓани остана без дом💗

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Само ѕидовите останаа од она што некогаш беше дом на осум членото семејство на Јане Благадушоски од село Воѓани, општина Кривогаштани. Се’ уништи страшната огнена стихија во неколку минути и ја проголта семејната покуќнина, покривот, дограмата, балиња тутун на таванот …

Соседите и блиските на семејството Благадушоски од село Воѓани апелираат за помош: во овие зимски денови пред најрадосните празници да се згрижи, да го надмине најтешкото, да почне од темел да го гради својот дом и да продолжи со животот.

Сите добронамерници, хумани луѓе, компании, институции своите можат да донираат на трансакциската сметка 270700006540756 Халк Банка, а за информации да се обратат кај Бојан Благадушоски на телефонскиот број 079 266 512

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...