Зрновци – Модерна Општина со природни богатства и уредена инфраструктура

Оригинален линк на написот: ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ

Општина Зрновци, сместена во Источниот дел на Македонија, на само 8 километри од Кочани, изобилува со многу природни убавини.

Селата Зрновци, Видовиште и Мородвис ја сочинуваат оваа општина која е лоцирана во падините на планината Плачковица.

Зрновци се гордее со своите природни ресурси, каде 57% од површината се покриени со шуми, додека 32% е обработливо земјиште.

Најзначајниот дел од земјиштето е наменет за оризови полиња, кои годишно произведуваат околу 800 тони оризова арпа.

Среде оваа природна убавина поминува Зрновска Река, која претставува една од најбогатите со вода притоки на Брегалница. Реката, како и други природни богатства, е вистински благослов за оваа област.

Андон Ванчо, жител на Зрновци, изрази големо задоволство од условите за живот, нагласувајќи дека општината е едно од најдобрите места за живеење.

Тој ги пофали напорите на градоначалникот Борчо Коцев за развој на општината.

Селото има уреден парк и плоштад, каде се наоѓа споменик на заштитникот на општината „Св. Димитриј“ и фонтана која дава дополнителен шарм на местото.

Во Зрновци функционираат основното училиште „Синиша Стоилов“, детска градинка „Бисерчиња“, како и неколку угостителски објекти кои нудат домашна атмосфера и кулинарски уживања.

Црквата „Свети Димитриј“ потекнува од крајот на 17 и почетокот на 18 век.

Главниот патронен празник црквата го прославува на Митровден, кој воедно е и општински празник.

По тој повод, општината организиара голем број настани.

Минатата година во месец април беше поставен и осветен крст, со височина од 18,5 метри, а е лоциран на ридот кај филтер станицата во Зрновци.

Според последниот попис од 2021 година, општината има 1.534 жители, од кои 234 живеат во Видовиште и 318 во Мородвис.

Зрновци е доказ дека и помалите општини можат да нудат висок животен стандард и иднина за своите жители.

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скршената тишина: Менталното здравје во Македонија меѓу стигмата и очајот

Собираш храброст, помислуваш дека можеби денес е денот кога конечно ќе ја изговориш вистината. Дека си уморен, дека не спиеш, дека ти тежи воздухот...

Без културниот дух на селото, умира духот на нацијата!

Какво село таква нација!!! Латинскиот збор „cultus” значи нега, одгледување на нешто. Затоа од дамнина, растенијата кои почнал да ги одгледува човекот се нарекуваат култивирани...

(ВИДЕО) Сашо Наков од Амфенол, избран за менаџер на годината

Кој е Сашо Наков - генерален менаџер на Амфенол Технолоџи Македонија од Кочани, компанија препознатлива по општествената одговорност, хуманост и грижа за заедницата.