Златното момче од Прилеп Лука Најдоски промовиран во светски првак

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Младиот Лука Најдоски од Прилеп промовиран во светски првак – победник на Светскиот куп во воздухопловно спортско моделарство. Медалот и дипломата во рацете на Лука беа доделени на годишното пленарно заседание на Комисијата за аеромоделарство (ЦИАМ), во Светската Федерација на Воздухопловни спортови (ФАИ) кое се одржа во Лозана.
Лука Најдоски од прилепскиот клуб Фил Феникс, член на македонската репрезентација на Светскиот куп во воздухоловно моделарство – категорија Ф1А едрилици во јуниорската конкуренција за 2025 та го освои првото место, стана светски јуниорски шампион во спортско моделарство и 13 ти на светската листа за сениори.
Лука од дете е вклучен во воздухопловните спортови и токму спортот ја насочил и неговата професионална определба. Тој учи во Белград, на Воздухопловната школа, на насоката авиотехничар и механичар.
Македонија и Прилеп има со што да се гордее бидејќи ваквите млади луѓе се најдобрите амбасадори на земјата и на родниот град!
Прилепскиот клуб Фил Феникс е предводник во македонски рамки во организација на светски и европски куп натпревари и првенства во воздухопловните спортски дисциплини. Годинава ќе  организираат 2 шампионата – Светско јуниорско и Европското сениорско првенство. Двата врвни меѓународни натпревара ќе се одржат во период од 11 денови. Градот Прилеп ќе биде под спортска окупација на 45 држави -покрај од Европа, и од најголемите Кина, САД, вкупно над 500 присутни, од 26 јули до 2 август, на теренот кај Веселчани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полициски билтен: Се степале затвореници во прилепскиот затвор, пронајдена дрога …

Од полицискиот билтен на СВР Битола за подрачјето на Прилеп: физичка пресметка во прилепскиот затвор, управување автомобил без возачка дозвола и поседување на дрога: На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал...

Проверете-планирани прекини на струја за 1 ви и 3 ти април на повеќе улици во Прилеп

Регионалниот центар за управување со кризи известува за ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 01.04.2026 год. (среда) од 09.00 ч. до 11.00 часот во градот Прилеп : дел од ул. ,,Архиепископ Доситеј” и ул. ,,Рампо Левката”.  В петок на 3 ти април планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија од...

(ВИДЕО) Јавните набавки неатрактивни за локалните компании поради неможност за наплата на услугите

Локалните тендери се еден од главните механизми, преку кои општините ја остваруваат својата потрошувачка. Анализата на Институт за економски истражувања и политики Finance Think за јавните набавки во изминатите 10 години во Прилеп и Крушево открила неколку клучни наоди кои се однесуваат на висината на износите и висока концентрација на...