„Жени во македонската книжевност во 19 век“ синоќа промовирана во Прилеп (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по повод Меѓународниот ден на жената, а во рамките на програмата на Библиотеката, се одржа промоција на книгата „Жени во македонската книжевност од 19 век“ и предавање од авторот д-р Славчо Ковилоски.

Настанот го отвори директорката на библиотеката Андриана Ристеска, а модератор беше поетот и новинар Филип Димкоски.

Пред многубројните посетители, меѓу кои и советничката на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска, претставници на прилепските образовни институции, членови на Друштвото за наука и уметност-Прилеп и Клубот на литературните творци-Прилеп, професорот, поет и истражувач д-р Славчо Ковилоски мошне инспиративно зборуваше за жените од македонската книжевна историја за кои многу малку се знае и за кои многу малку е зборувано и истражувано.

Книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски  објавена е  во издание на Институтот за македонска литература. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се овозможува како авторки да го заземат своето место во македонските книжевни канони.

Во книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ застапени, односно обработени се петнаесет женски ликови, авторки кои со своето книжевно перо, оставиле белег во македонската книжевна историја. Целта за популаризацијата на овие авторки е истите што повеќе да продрат во јавниот, општествениот и книжевниот денешен живот во Македонија-рече авторот на книгата д-р Славчо Ковилоски.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски книжевен историчар, културолог, поет, прозаист. Автор е на неколку прозни, поетски и монодрамски дела, како и на повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата: Македонското женско творештво во XIX век, Патописот во македонскиот XIX век, Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век, Од Прличев до Конески (студии), Отворени страници (есеи и критики), Деспот Ба- џовиќ, непознати страници за еден Македонец, Прилеп и При-лепско во XIX век (културно-историски процеси), Културната преродба во Прилеп во XIX век и др.

Автор е на одредницата за просветата и културата во Прилеп и Прилепско во XIX век во енциклопедиската монографија: Прилеп, милениумско пулсирање 1014-2014. Прикази и статии објавувал во повеќе македонски списанија, како и во дневните весници: Нова Македонија и Време. Славчо Ковилоски е визитинг професот на неголку универзитети во регионов, добитник е на државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија во областа на науката. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото за наука и уметност-Прилеп.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од...