Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го одбранат во оваа катострофална криза во кој се наоѓа клубот.

Ако се земе предвид разликата меѓу двата тима, и возрасно, и технички, и искуствено, резултатот беше очекуван. Но, на хартија, во историјата на ФК Победа-Прилеп ќе остане вечно спортскиот пораз 10:0, како понижување на тимот кој претставуваше име и стравопочит на фудбалската сцена во Македонија и на Балканот.

Овој резултат не е спортски неуспех, туку сигнал на длабоките проблеми во клубот кои моментно настапуваат со младинци, кои играат истовремено, и во младинската и во сениорската екипа, се со цел да се спаси клубот од распаѓање. За град како Прилеп, кој има децениска фудбалска традиција, вакви резултати се удар врз гордоста и довербата дека овој клуб можно е повторно да се издигне од мртва точка. Очигледно тоа е тешко остварливо!

Не запираат реакциите на фановите на Победа кои со гнев за ваквото понижување ги запалија социјалните мрежи и ги обвинуваат сите релевантни градски фактори и они кои се во спортот и наводно бараа соломоноско решение за опстанок, за сегашната негрижа и рамнодушност кон клубот.

Во следното коло Победа на стадионот „Гоце Делчев“ го пречекува Скопје. Најмалку што останува е натпреварот да се посети во голем број за да им се даде поддршка младите фудбалски деца, кои со сето свое почетно фудбалско знаење, волја, желба и сила, се обидуваат да играат и вештачки да ја одржуваат Победа во живот.

Но, сепак (како последна шанса), ако клубот не ја искористи оваа криза како пресвртна точка, ризикува да стане само фуснота во историјата на македонскиот фудбал.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...