Засилени полициски контроли за дрвокрадци: апсење и одземени две возила кај Оревоец и Плетвар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во еден ден, две возила на дрвокрадци полицијата пронајде кај селото Оревоец и на Плетвар. Засилените контроли против дрвокрадството продолжуваат, информираат од Министерството за внатрешни работи:

На 24.03.2026 околу 22:30 часот на место викано „Маркова чешма“ во реонот на с.Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Jуг во кoординација со СВР Битола- ОВР Прилеп го лишија од слобода О.С.(33) од Прилеп. При контрола на патничко моторно возило „форд мондео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени огревни дрва за кои не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и се предадени на Шумска полиција.

По преземени дополнителни мерки, во 22:50 часот во реонот на превој Плетвар полициските службеници пронајдоа и патничко возило „сааб“ со швајцарски национални ознаки без возач, во кое, исто така, биле пронајдени огревни дрва. И ова возило со дрвата е предадено на Шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...