ЗАПОЧНУВА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „НАВИГАТОР“ – ЕДУКАТИВНА ИГРА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СО ВРЕДНИ НАГРАДИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Јуроп Хаус денес го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари.
И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта повторно се вклучуваат амбасадите на земјите-членки на ЕУ, кои ќе придонесат со бројни награди, меѓу кои велосипед, патување во Германија, курс по шпански јазик, карти за воз низ Европа и многу други вредни подароци.

Играта може да се игра на македонски и албански јазик и е достапна онлајн на https://europehouse.mk/navigator/

За разлика од лани, оваа година играта добива значајни унапредувања кои го збогатуваат процесот на учење и ги засилуваат интерактивните елементи. Новитет е воведувањето на „Портокаловата планета“, посветена на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Останатите планети продолжуваат да обработуваат теми од различни области поврзани со човекови права, но сега со проширена содржина и унапреден систем на игра што нуди подинамично и поинтересно корисничко искуство.

За да учествуваат во извлекувањето, играчите треба да освојат најмалку 1.000 поени, по што автоматски стануваат квалификувани за главната награда – ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари, додека првите 10 највисоко рангирани играчи на табелата ќе добијат специјални награди од амбасадите на земјите членки на ЕУ. Играта може да се игра неограничен број пати во текот на целиот период, а поени носат само точно и навреме одговорените прашања.

„Навигатор“ е резултат на заедничкиот ангажман на Јуроп Хаус, Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“, Македонското здружение на млади правници, а се реализира и со поддршка од Министерството за образование. Ова издание добива дополнителна симболика во годината кога се одбележуваат 75 години од Европската конвенција за човекови права.

Победниците на играта ќе бидат објавени на церемонијата за доделување на наградите на 17 декември 2025 година во Јуроп Хаус Скопје.

Биди гласен за своите права! Но, прво – добро запознај ги!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Потпишан договорот за инклузија на деца Роми во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

Вчера, во Клубот на пратеници – Скопје се потпиша договор за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“. Со овој договор, во Детската градинка „Павлина Велјанова“, во учебната 2025/26 година ќе бидат згрижени деца Роми, од 3 до 6 години  во рамките на проектот „Инклузија на деца

ПРИХОДОТ ОД КОНЦЕРТОТ ЌЕ ГО ДОНИРАМЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ“ – САША МИРКОВИЌ И АЦА ЛУКАС

Сите приходи од претстојниот концерт на 20 декември во салата „Јане Сандански“, на кој ќе настапат Аца Лукас, Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во Кочани. Одлуката беше потврдена во заедничко видео на ТикТок, на Саша Мирковиќ и Аца Лукас каде двајцата јавно се договорија целосниот приход да оди

На 25 ноември во 18 часот – Промоција на книгата „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во спомен на Кочанските Ангели

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани по повод патрониот празник 25- ти ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин „ Бели мугри“, организира промоција на книгата: „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во издание на книжевниот кружок „ Васил Иљоски“ од Крушево. Збирката книжевни творби беше промовирана во Меморијалниот центар „