Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото.

Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а пожарот почнал на плафонот над последната од левата страна. Таа појасни дека прскалката не се запалила, туку плафонот над неа почнал да гори.

Во дискотеката пристигнала со другарки околу полноќ и била сместена во средината кога слушнала дека треба да се напушти објектот поради пожар.

Ристовска раскажа дека настанала паника и сите тргнале кон излезот, а двајца обезбедувачи ѝ помогнале да излезе надвор. Подоцна, кога се созела, и самата почнала да им помага на другите.

Таа посочи дека обезбедувачите Лазар и Столе се жртвувале за да спасат луѓе и дека без нив, според неа, ќе имало уште повеќе жртви.

На рочиштето сведочеше и Кристијан Китанов, редовен гостин во „Пулс“, кој изјави дека во моментот на пожарот настанало стампедо и дека од плафонот почнале да паѓаат искри и црни честички. Тој се здобил со изгореници од втор степен и бил извлечен од обезбедувачот Лазо и неговиот вујко, по што бил пренесен во болница.

За пожарот во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица, меѓу кои сопственикот на објектот, негови блиски, инспектори, поранешни министри и припадници на агенцијата за обезбедување. Сите на почетокот на процесот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Пролеттни Денови на медот“ во Кочани за прв пат….

Денеска, 10 и утре 11 април во Паркот на Револуцијата во Кочани  за прв пат се оддржуваат „Пролетни Денови на медот“  во организација на здруженијата „Златна Кошница“ и „Меден Исток“. На манифестацијата беа изложени мед , пчелни производи (прополис, матичен млеч, креми, како и пчеларска опрема Радио Кочани беше на настанот при што остваривме директна

Денеска е Распети Петок најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници

Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања. Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение. Утревечер, по полноќ, односно во