Започна Страдалната недела

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, 6-ти април, понеделник, започнува Страдалната недела, период од особено значење за православните верници во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

Во текот на неделата, во храмовите се одржуваат богослужби посветени на последните денови од животот на Исус Христос, со особено внимание на Велики Петок.

На овој ден, во црквите се извршуваат традиционални обреди, при што верниците се поклонуваат пред Христовиот гроб, симболично оддавајќи почит и сочувство.

Најзначајните чествувања се во сабота во доцните вечерни часови, односно на полноќ, кога во Кочани се очекува во храмот да биде донесен Благодатниот оган од Ерусалим.

Во истиот момент, свештенството го објавува Христовото Воскресение, по што следува и велигденската богослужба.

Овој свет чин секоја година привлекува голем број верници, кои присуствуваат на богослужбата и го пренесуваат огнот во своите домови како симбол на светлина, вера и надеж.

Во пресрет на празникот, ќе има и продолжен викенд – Велики Петок и понеделник втор ден Велигден се неработни денови.

Воедно, продолжува и традицијата на бојадисување јајца, како симбол на нов живот и воскресение, а верниците се подготвуваат за најголемиот христијански празник.

Годинава, Велигден се празнува в недела, 12-ти април.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани денеска промоција на книгата „Моќта на пријателството“

Во кочанската ЈОУ  Библиотека „Искра“ денеска ќе биде промовирана книгата „Моќта на приијалствоти“, збирка поезија создадена од роднокрајната авторка Ана Дедова. Книгата ќе ја промовира Катерина Трендова, модератор ќе биде Верица Паунова Дамевска. Настанот е закажан да започне  во 16 часот.

КОПРО ТЕКС: Вработуваме кројач и помошник во кројница

КОПРО ТЕКС за своето производство на маици, поло маици, дуксери, блузи….. има потреба од кројач и помошник во кројница Обезбеден оброк инфо: 071 215 892

Шест медали за каратистите на „Партизан“ на „Олимпик опен“ 2026

На  05 04 2026 во Скопје во салата Јане Сандански се одржа Мегународен карате турнир ” ОЛИМПИК ОПЕН 2026″. Организатор на турнирот беше Карате клубот ОЛИМПИК од Скопје со техничка подршка на Карате Федерацијата на Македонија. На овој Мегународен турнир настапија над 1000 натпреварувачи од околу 70 клубови од Македонија,Бугарија,Србија,Грција,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Косово.