Шест медали за каратистите на „Партизан“ на „Олимпик опен“ 2026

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На  05 04 2026 во Скопје во салата Јане Сандански се одржа Мегународен карате турнир ” ОЛИМПИК ОПЕН 2026″. Организатор на турнирот беше Карате клубот ОЛИМПИК од Скопје со техничка подршка на Карате Федерацијата на Македонија.

На овој Мегународен турнир настапија над 1000 натпреварувачи од околу 70 клубови од Македонија,Бугарија,Србија,Грција,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Косово. Карате Клубот Партизан од Кочани настапи со 10 натппреварувачи сите во категоријата КУМИТЕ ( Борби) и постигна одличен резултат освојувајки 6 медали и тоа 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Злато освоија: 1.Алексија Данева кумите родени 2015 год ( +44 кг)

2.Јордан Иванов кумите родени 2015 год ( +50 кг) –

Сребро освои: 1.Божјидар Трајчев во категоријата Кумите родени 2013 год ( – 40 кг) и во категоријата Кумите родени 2013 год ( -45 кг) –

Бронза освои:  1.Јован Арсов во категоријата Кадети кумите ( + 70 кг) и во категоријата Кумите Јуниори ( +76 кг)

Честитки за сите натпреварувачи кои настапија и ги бранеа боите на Карате клубот Партизан. Настапот на овој турнир претставува и подготовка за Државното првенство за деца на возраст од 10 до 13 години што ке се одржи на 18 04 2026 година а ке биде и изборно за состав на репрезантацијата на Македонија за настап на Балканското Првенство.

инфо: КК „Партизан“

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ДПД Кочани учествуваше на „Marcana Fire 2026“ – освоено 7. место

Доброволното противпожарно друштво Кочани учествуваше на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, кој се одржа во организација на DVD Općine Marčana. Во конкуренција од 15 екипи, претставниците на ДПД Кочани го освоија седмото место, што претставува солиден резултат на меѓународна сцена. Од друштвото упатија благодарност до организаторите за, како што наведуваат, одличната организација и гостопримството.

Котевска на проекцијата на „Приказната за Силјан“ во Кочани: Филмоте е потсетник каква магија и убавина има во Македонија !

Со  документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, ЦК „Бели мугри“ го означи стартот на новата сезона на филмски проекции во Кочани. Љубителите на големото платно синоќа  ја преполнија кино салата на кочанската Националната установа. Се бараше билет повеќе за да се биде просутен на првата проекција на новото платно, со новата дигитална опрема и

Во Општата болница – Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани,