Започна „Роденденска недела“ на прилепскиот театар по повод 76 години од основањето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска 16ти до 21ви февруари 2026 година,  во НУЦК „Марко Цепенков“, на „Сцена 105“, се одржува манифестацијата „Роденденска недела“ во организација на НТ “Војдан Чернодрински“ -Прилеп, по повод 76 години од основањето на прилепскиот театар. По повод својот роденденот, прилепскиот театар ја наградува својата публика со прикажување на неделна богата театарска прогарма.

Вечерва, 16 ти февруари, пред прилепската публика беше изведена претставата „Синиот портокал“ во продукција на Театар Велес, утре на 17 февруари следува монодрамата „Фетишист“, по текст на Мишел Турние, во продукција на НУ Народен театар Битола, на 18 февруари публиката ќе ја проследи „Делириум тременс“ на Театарска работилница Прилеп, добитник на повеќе интернационални награди, а на 19 февруари ќе биде изведена „Црнила“ во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ , во режија на Дејан Пројковски.

На 21 февруари во рамките на манифестацијата  „Роденденска недела“ прилепскиот театар ќе гостува во Македонскиот народен театар во Скопје, со претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, која преставува силна психолошко-политичка драма што ја отвора темата за човековата совест, идеологијата и моралниот избор.

Во претставата играат: Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, автор на музиката Горан Трајкоски, драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, а автор на плакатот е Сергеј Светозарев.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...