Започна „Роденденска недела“ на прилепскиот театар по повод 76 години од основањето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска 16ти до 21ви февруари 2026 година,  во НУЦК „Марко Цепенков“, на „Сцена 105“, се одржува манифестацијата „Роденденска недела“ во организација на НТ “Војдан Чернодрински“ -Прилеп, по повод 76 години од основањето на прилепскиот театар. По повод својот роденденот, прилепскиот театар ја наградува својата публика со прикажување на неделна богата театарска прогарма.

Вечерва, 16 ти февруари, пред прилепската публика беше изведена претставата „Синиот портокал“ во продукција на Театар Велес, утре на 17 февруари следува монодрамата „Фетишист“, по текст на Мишел Турние, во продукција на НУ Народен театар Битола, на 18 февруари публиката ќе ја проследи „Делириум тременс“ на Театарска работилница Прилеп, добитник на повеќе интернационални награди, а на 19 февруари ќе биде изведена „Црнила“ во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ , во режија на Дејан Пројковски.

На 21 февруари во рамките на манифестацијата  „Роденденска недела“ прилепскиот театар ќе гостува во Македонскиот народен театар во Скопје, со претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, која преставува силна психолошко-политичка драма што ја отвора темата за човековата совест, идеологијата и моралниот избор.

Во претставата играат: Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, автор на музиката Горан Трајкоски, драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, а автор на плакатот е Сергеј Светозарев.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Бешлиовска: Медицинските сестри се богатство – инвестициите во нив се влог за здрава нација!

Медициските сестри во Македонија бараат институционално, системско решавање на деценискиот проблем – признавање на нивниот статус, бидејќи се една од најважните алки во здравствената заштита. Ниту една реформа во македонското здравство не треба да помине како досега без вклучување на медицинските сестри, велат од Унијата на здруженија предводени од Здружението...

На 6 ти, 7 ми и 8 ми април повеќе населени места ќе останат без електрична енергија

 Од Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известуваат за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места и локации со економска активност:  ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 06.04.2026 год. (Понеделник) и 07.04.2026 година (Вторник) од 09.00 ч. до 16.00 часот во следните...

Тутунските работници имаат свој ден – 4 ти април!

Денот на тутунските работници се одбележува на 4 април. На овој ден во далечната 1938 година тутунските работници на чело со Борка Левата организирале штрајк во монополот борејќи се за своите синдикални права. Од тогаш традиционално овој ден е се чествува како своевиден празник на тутунските работници и секоја година...