(ВИДЕО)Бешлиовска: Медицинските сестри се богатство – инвестициите во нив се влог за здрава нација!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Медициските сестри во Македонија бараат институционално, системско решавање на деценискиот проблем – признавање на нивниот статус, бидејќи се една од најважните алки во здравствената заштита. Ниту една реформа во македонското здравство не треба да помине како досега без вклучување на медицинските сестри, велат од Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС”. Денеска во Прилеп се одржа  XXIII Симпозиум на Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС”, односно Вториот симпозиум на друштвото на медицински сестри за примарна здравствена заштита при ЗМСТАС „ЗА НАС.”

„ Медицинските сестри се богатство на нацијата, а нацијата богатство на државата. Кога ќе инвестирате во медицинските сестри, вие инвестирате во здрава нација. Или така ќе го разбереме тоа, или еден ден ќе имаме навистина сериозен проблем со целокупниот здравствен систем. Не можете да иницирате квантитети без квалитети. И не можете да носите одлуки и современ здравствен систем и национални стратегии без медицинските сестри. Кој е тој здравствен столб во Европа и секаде, каде и да е, без медицинските сестри? Ние сме сведоци на многу настани од месецов и наназад, вклучително, и носењето и измените на дополнувањата на Законот за здравствена заштита, а медицинските сестри, односно нашите здруженија, ние како највидливиот  глас кој работи за сестрите во сите области, не бевме воопшто повикани таму,“ рече м-р Гордана Бешлиовска, претседателка на ЗА НАС – Здружение на мед.сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.  

Медицинските сестри се една од најважните алки во здравствениот систем вели проф. д-р Нико Беќаровски кој ја дава поддршката за нив.

„Најголема чест во животот што ја добив, што станав и јас почесна медицинска сестра и член на Здружението. И веднаш да ви кажам, се додека ја гледаме само главата, а р’бетот ни пати,  ќе имаме парализиран здравствен систем. Затоа што сестрите беа, се и секогаш ќе бидат р’бетот и носителите на здравствениот систем. За да не биде понатаму парализиран, треба и они да си го добијат своето заслужено место. Бидејќи сите овде знаеме по нешто анатомија – рацете и нозите на еден организам се движат од р’бетот. Главата е таа што ги дава насоките, таа што ги дава препораките, меѓутоа главните извршители и понатаму кои што се грижат за пациентите се медицинските сестри. Кога ќе се врати нивното достоинство, тогаш можеби ќе се врати и достоинството на лекарите и воопшто на белиот мантил, рече Беќаровски. 

Симпозиумот во Прилеп опфати повеќе стручни теми од областа на примарната здравствена заштита. На овој стручен собир и’ беше доделена плакета за животно дело на медицинската сестра Лепосава Милеска Јоноска за посебен придонес и развој на сестринската професија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...