Започна „Ин Виница веритас“, објавени имињата на авторите на најдобрите три карикатури

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва во Виница  во Сината сала на Општината започна овогодишното издание на фестивалот „Ин Виница веритас“. Овој настан од културата посветен на хуморот и сатирата  за отворен го прогласи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тој пред гостите рече дека во овој фестивал се вложени  многу љубов и посветеност истиот да прерасне во еден од најпопуларните во овој регион. Неговата препознатливост и уникатност секоја година ја инспирираат публиката,  ја  одржуваат  културната сцена и го промовираат виното од Виничкиот Регион, нагласи Љутков,

Виница е град со посебна енергија. Иако мал по големина, тој е голем по гостопримството, град што ги прифаќа своите гости со отворено срце и ја негува културата како дел од секојдневието. Тој е чувар на духот, на традицијата, на културната меморија, а овој фестивал е неговиот глас: искрен, горд и препознатлив, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На конкурсот за карикатури годинава распишан под мотото „Кој последен се смее…“ се пријавиле 230 учесници од 46 држави во светот. Првонаградене карикатуристот Олексеј Кустовски од Украина, Дарко Дрљевиќ од Црна Гора е добитник на втората награда, додека третото место му припадна на Кинезот, Фан Линтао.

Годинава за прв пат се додели посебна награда од градот Виница за карикатура на автор од Македонија во едно фестивалско издание. Ја доб Златко Крстевски/

На свеченото отворање на „Ин Виница веритас“ му претходеше изложба од карикатури што учествувале на конкурсот за 2025 година. ,

Првиот ден од фестивалот на хуморот и сатирата заврши со театарската претстава ,,Разбуди се Тина“ на Театарот од Куманово, во режија на Драгана Таневска.

„Ин Виница веритас 2025“ ќе тра до 29 октомври со програма која предвидува низа активности и гостувања на повече театри од Македонија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние