За семејна дружба и забава Витаминка организира Семеен ден за своите вработени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Овој викенд, Витаминка организира Семеен ден, каде беа присутни повеќе од 500 вработени заедно со нивните семејства од Прилеп, Штип и Скопје. Еднодневниот настан кој се одржа во кругот на компанијата, беше исполнет со забава, спортски активности и дружење и создаде незаборавна атмосфера за сите присутни, истакнувајќи ја посветеноста на Витаминка за одржување на позитивен корпоративен дух и зајакнување на тимската работа.

„Семејниот ден е еден од настаните кои се од најголемо значење за нас, бидејќи ни дава можност да се поврземе на еден посебен начин, не само како колеги, туку и како големо семејство“, велат од компанијата. „Ова е можност за нашите вработени да ги запознаат своите колеги во неформална и пријатна атмосфера, додека нивните деца и семејства уживаат во забавата и активностите“.

Програмата на настанот вклучуваше голем број активности за сите возрасти, од спортски игри до интерактивни работилници за децата, како и музичка програма со Викторија Лоба. Со создавање на можности за релаксација, дружење и тимско градење, Витаминка продолжува да се грижи за добросостојбата на своите вработени и нивните семејства.
Семејниот ден е дел од пошироките напори на компанијата за градење на позитивна работна култура и поттикнување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на своите вработени.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Поскапува дизелот, бензините со иста цена

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, во која е вкалкулирано и намалувањето на ДДВ од 18 на 10...

ЛАГ АГРО ЛИДЕР со нови модели за локално дејствување на жените од руралните средини

Во време кога улогата на жените од руралните средини сè уште е недоволно видлива и поддржана, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамки на проектот „Гласови од руралните заедници: Зајакнување на жените за локално застапување“реализираше три поврзани иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат нивната економска, општествена и граѓанска позиција. Руралните...

Проекција на филмот „Франц“ во киното Мис Стон

На 25 март 2026 г. /среда/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикаже филмот „Франц“, посветен на животот на писателот Франц Кафка, од неговото раѓање до неговата смрт. Влезниците за филмот се продаваат секој работен ден од 11.00 до 13.00 ч. на билетарницата од киното и еден...