Прилеп триумфира против РК Пролет на последниот натпревар од сезоната на домашен терен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ракометарите на Прилеп на последниот натпревар од Ракометната машка Супер Лига, пред домашната публика, реализира уште една значајна победа против РК “Пролет 62“ со 29:27. Ова беше натпревар исполнет со борбеност, емоции и одлична колективна игра, која накрајот триумфираше и создаде огромна радост кај прилепчани.
Прилеп уште во првото полувреме создаде предност (18:14), а во продолжението со сигурна и дисциплинирана игра успеа да ја задржи контролата врз играта и да стигне до новот вежен триумф за клубот. Гостите во неколку наврати се обидоа да се вратат во натпреварот, но момците од РК Прилеп, во клучните моменти, покажа сигурност во играта,  самоконтрола врз резултатот, самоувереност во својата надмоќност и  вистинска желба пред својата публика да извојуваат победа пред крајот на првенството.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Никола Шипинкоски со 7 погодоци, Димитар Димитриоски со 6 и  Никола Цветаноски со Денис Шабановиќ со постиганаа  по 4 гола.
Со оваа победа, РК Прилеп останува убедливо на првото место во плеј-аут фазата во Македонската машка Супер лига, пред последното коло од сезоната, кога на гостински терен ќе се соочи со екипата на Еурофарм Пелистер 2.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кога Младинскиот центар во Прилеп ќе биде ставен во функција?!

“Прилеп го проби законскиот рок – Младите сè уште го чекаат својот простор“ e насловот на изстражувачката сторија на авторите Марија Ташкоска , активистка на организацијата Младински Совет Прилеп и Анета Шијакова, новинарка која ја реобјавуваме во целост. Во текстот авторите ја обработуваат темата за отворањето на Младински центар во...

(ВИДЕО)Димкоски: Љубовта кон музиката ме исполнува и ме прави среќен!

Љубовта кон музиката го прави среќен и го исполнува, а тој не престанува да твори, односно да се радува за секоја нова создадена композиција или реализиран музички проект. Прилепчанецот Рубин Димкоски, ужива во продуцирањето, во свирењето, во креирањето и создавањето на нови музички дела, во настапите, било тоа да е...

Фото изложба „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ за Кривогаштани од објективот на Бојчески

Во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани, в недела 24 мај во 12 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“. Настанот ќе биде збогатен со настап на виолинистката Марија Јанчулеска со композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди....