За регионалното управување со отпад, Прилеп доби нова пратка канти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп во рамките на „Регионално управување со отпад“ доби нова пратка канти за селекција на отпадот за домаќинствата. Од вкупно 8.318 канти од 120 литри, досега за општинава се испорачани 6.175. За Прилеп остануваат за испорака уште 2.143 канти. По комплетирањето на предвидениот број на канти Советот на Општина Прилеп треба да донесе Одлука со која истите ќе се отстапат на јавното претпријатие за да може да располага со истите и да ги распредели до домаќинствата. Граѓаните се интересираат кога ќе можат да ги добират кантите за селекција на отпад, велат од ЈКП Комуналец:

Многу наши сограѓани се јавуваат да се информираат кога јавното претпријатие ќе започне да ги распределува кантите за селектиран отпад и мешан комунален отпад, каде во случајов потребно е да се запази и процедура.
Граѓаните кои не се вклучени во процесот на селекција ќе бидат навреме информирани кога ќе можат да склучуваат Договор со јавното претпријатие за доделување на две бесплати канти во зелена и жолта боја по принципот на селекција на сува и влажна постапка.

„ЈКП Комуналец ќе објави јавен повик до граѓаните кои не се вклучени во процесот на селекција на отпад да склучат договор со јавното претпријатие. Според планот и динамиката на распределба по населби, и евиденцијата за распределба по населби, најмал одзив имало во населбата Тризла и др. помали населби. Јавното претпријатие со лична посета на граѓаните од населбата ќе овозможи и жителите од населбата Тризла да се вклучат во процесот на правилно третирање и управување со отпадот, по принципот на селекција во две канти, со цел и насебата Тризла да добие ист третман како и останатите населби. Но сепак, останува желбата на граѓаните да се вклучат во проектот за селекција на отпад и менување на навиките во правилното третирање и управување со отпадот во оваа значајна населба за општинава, каде треба да се постават и испочитуваат принципите на правилно одлагање на отпад,“ велат од ЈКП Комуналец.

Со започнување на проектот за Регионалното управување со отпад, цената на услугата ќе биде различна за оние домаќинства кои селектираат отпад, и домаќинствата кои не селектираат отпад, а ќе ја утврдува Регулаторната комисија за отпад.

Проектот за Регионално управување со отпад е долгорочен и предвидува правилно третирање и управување со отпадот, со почитување на сите правила и користење на соодветна комунална инфраструктура.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...