За дискриминација на тутунарите се подготвува Претставка до Уставен суд

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Националната земјоделска мрежа во пресрет на законскиот рок за старт на откупот остро реагира за дискриминаторскиот однос од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите: за непочитување на законските одредби, подредената нерамноправа положба на земјоделците и неможноста при утврдување на цените во договорите, што ќе доведе до уривање на ориенталниот тутун како македонскиот бренд во светот и уништување на оваа економска гранка.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Пред нас е 15 декември, почетокот на законскиот рок за почеток на откуп на тутунот. Како НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА остро го осудуваме манипулативниот однос од страна на откупните компании кон своите долгогодишни кооперанти. Откупните компании злоупотребувајќи го дискриминаторскиот Закон за тутун и истовремено прекршувајки низа законски одредби на највулгарен начин преку манипулација на проценка при екстремно ниски откупни цени безобзирно ги манипулираат и злоупотребуваат тутунарите дека тутунот се цени и откупува во прва класа. Вистината е сосема поразлична – а тоа е тутунот се цени во прва класа со цени што одговараат за трета класа. Со ваквиот начин на проценка се дестимулират оние тутунари кои со многу труд и вложувања реално имат екстра квалитетен тутун кој моментално се вреднува во класа на тутун со многу послаб квалитет. Во оваа прилика упатуваме јавна осуда кон откупните компании кој со ваков начин на проценка и вреднување на тутунот неповратно го уништуваат македонскиот бренд на тутун кој е граден макотрпно со децении и штетата ќе биде и по тутунарите, но и по компаниите. Упатуваме јавен апел до откупните компании: Под итно да ги корегираат откупните цени по класи при што за прва класа откупна цена да биде минимум 600 ден без одбитоци. За втора класа 500 ден без одбитоци и Трета класа 400 ден без одбитоци. Тутунот да се цени согласно правилник за квалитативна и квантитативна проценка. Апсолутно ни е јасно дека овие цени можат да ги исплатат компаниите и се’ надвор од ова е чиста манипулација и грабеж и ќе резултира со уништување на оваа важна социо-економска гранка. Државата под итно да пристапи кон законски измени во Законот за тутун и да го заштити интересот на тутунарите како рамноправен социоекономски партнер. Субвенциите како стимулативна мерка да се во висина од 100 ден по кгр предаден тутун со оглед на висина на средствата кои се слават во државниот буџет од оваа стопанска гранка. Доколку овие укажувања не бидат сериозно разгледани и прифатени од страна на посочените, Националната земјоделска мрежа ќе поднесе претставка до Уставниот суд со образложение за дискриминација на тутунарите во Законот за тутун по основ нарушено право тутунарите да се договараат за цената на сопствениот производ што апсолутно се коси со уставното право на рамноправност, стои во соопштението од  Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална земјоделска мрежа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќи на плочките и оградите на храмовите

Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат...

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на...