Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќи на плочките и оградите на храмовите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат пожар, особено кога се оставаат покрај дрвата, покрај оградата на црквата, во дворот на црковните храмови. Оштетување на храмот исто така е сериозен проблем.  Восокот што се разлева по плочките и оградите остава трајни дамки и оштетувања, што бара дополнителни средства за чистење и одржување.  Оставањето свеќи на несоодветни места создава неред и ја нарушува светоста на просторот, велат од црковните прилепски храмови.

Свештенството апелира до сите верници да  покажат почит кон храмовите и околината. Верата се изразува преку молитва и почитување на правилата, а не преку постапки што можат да предизвикаат штета. “СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА НЕСОВЕСНО ОСТАВАЊЕ СВЕЌИ НАСЕКАДЕ. СЕ НАДЕВАМЕ НА РАЗБИРАЊЕ И БЛАГОДАРИМЕ. НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!“ велат од свештените лица од црковните храмови во Прилеп

Опомената и за зачувување на животната средина, која важи и за  лушпите од јајца, кои културно треба  секој православен хритијанин, кој присуствува на чинот на Христовото Воскресеније да си ги соберете во кесички и да ги фрлите во канта, а не да се фрлаат во дворовите на црковните храмови или околу нив.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...