Повторно фатен возач кој управуваувал моторно возило под дејство на алкохол на Булевар “Гоцел Делчев“
Денеска по полноќ, (10.12.2025) во 00:02 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(66) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки и по преземени мерки е констатирано дека го управува под дејство на алкохол. Кај возачот се измерени 2.23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Штетното влијание на алкохолот на способноста за управување на моторно возило е научно потврдено и докажано во пракса, а управувањето на моторно возило под дејство на алкохол се санкционира во сите држави.Во различните држави има различен праг на толеранција, односно максимално дозволените количини на алкохол во крвта се различни. Во Македонија прагот на толеранција е 0,5 промили алкохол во крвта, при управување на моторно возило.
Дозволено количество алкохол во крвта за возачи, во повеќе земји е 0,5 промили, а во некои земји и пониско.Само во Англија и Малта е 0,8 промили алкохол во крвта, при управување на моторно возило.









