Во знакот на француската поезија поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ ги одушеви прилепчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денот на виното и денот на вљубените, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат  се одржа поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ дружение за образование, култура и уметност).

Поетите, Филип Димкоски и Лина Димоска, членови на ЗОКУМ, пред публиката се претставија со дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а во програмата прозвучија и стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

 

Специјален гостин во програмата овојпат беше Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, која овозможи публиката да ја чуе поезија на француски.

Поетската вечер беше исполнета со топлина и инспирација. Публиката уживаше во стихови што носеа емоции, мисли и убавина, а атмосферата беше интимна и возвишена. Секој настап остави силен впечаток, создавајќи чувство на заедништво и духовно богатство. Вечерта заврши со аплаузи и насмевки, како доказ дека поезијата навистина ги поврзува луѓето.

Кафулето, кое е во стилот на уметноста, успеа да ја надополни сета таа атмосферата во кои сите искрено уживаа. Зажалија само оние кое не присуствуваа на вечерта. А, Здружението ЗОКУМ уште еднаш докажа и потврди дека зазема клучна улога во организирање на културни настани кои ја поврзуваат публиката преку поезијата, потврдувајќи се како вистински промотори на културата во Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Деведесет години од смртта на Леонхард Мазинг – авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година, пред 90 години, во Тарту, Естонија од овоземскиот свет засекогаш замина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска дисертација за посебноста на македонскиот јазик. Но неговото име никогаш нема да изчезне додека на планетава живее и последниот Македонец. Интересот за македонскиот јазик се...

(ВИДЕО)Бешлиовска: Медицинските сестри се богатство – инвестициите во нив се влог за здрава нација!

Медициските сестри во Македонија бараат институционално, системско решавање на деценискиот проблем – признавање на нивниот статус, бидејќи се една од најважните алки во здравствената заштита. Ниту една реформа во македонското здравство не треба да помине како досега без вклучување на медицинските сестри, велат од Унијата на здруженија предводени од Здружението...

На 6 ти, 7 ми и 8 ми април повеќе населени места ќе останат без електрична енергија

 Од Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известуваат за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места и локации со економска активност:  ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 06.04.2026 год. (Понеделник) и 07.04.2026 година (Вторник) од 09.00 ч. до 16.00 часот во следните...