Вчеравечер во хотелот „Центробизнис“ во Виница се одржа 44-тата Лозаро-овоштарска вечер, традиционална манифестација која собра бројни гости од Виница и регионот.
Во рамки на настанот, минатогодишните кумови Бранко Ивановски и Александар Гаврилов – го предадоа кумството на новите кумови: Никола Колишев за Исток и Кристијан Георгиев за Запад.
Дел од манифестацијата беше и традиционалната дегустација на вино и ракија, при што стручната комисија ги избра најквалитетните производи.
Во категоријата бели вина, првото место го освои Киро Андонов, второто Симо Стоименовски, а третото Павле Стоименов.
Кај црвените вина, за најквалитетно беше прогласено виното на Тони Велков, второто место му припадна на Емил Дончев, а третото на Петруш Ѓоргиев.
Во категоријата лозова ракија, првото место го освои Мартин Стојмиров, второто Виктор Димитров, а третото повторно Петруш Ѓоргиев.
Кај сливовата ракија, најдобра беше ракијата на Николчо Цикарски, второто место го освои Влатко Јанчев, а третото Драги Иванов.
Настанот беше збогатен и со богата лотарија, при што главната награда беше телевизор, обезбеден од градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.
Со дружење, дегустација и добра музика, 44-тата Лозаро-овоштарска вечер уште еднаш ја потврди традицијата и значењето на оваа манифестација за Виница и регионот.
Во продолжение, дел од атмосферата од настанот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









