ВО ТЕК СЕ УПСИТЕ ЗА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА, НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ ОКОЛУ 370 УЧЕНИЦИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во основните училишта во тек се уписите за идните првачиња за учебната 2025-2026 година.

Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите и ќе добијат покана.

Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај оваа година.

За нареднта година треба да бидат запишани 370 првачиња во петте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Кочани.

По однос на бројот на запишани најмногу, односно 142 треба да се запишат во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, додека во ОУ „Никола Карев“  77 првачиња, во ОУ „Раде Кратовче“ 56 ученици, а  33  во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.

Минатата година, образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Кочани го почнаа 300,  а учебната 2023-2024 година, 259 првачиња, додека во 2022-2023 година беа запишани околу 310 првачиња.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 18.05.2025 во 01.10 часот на улица „8 Септември“ во Кавдарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ф.Ц.(27) од Кочани. При сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му

„МЕПСО“ ЗА ПРИЧИНАТА ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Кочани, Скопје, Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Крушево беа без електрична енергија. Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот. Станува збор за

„Бест брадрс“ има потреба од мајстори и работници..

Реномираната компанија „Бест Брадрс“ има потреба од мајстори и општи работници за реновирање на кровови. Плата редовна и солидна. Услови за работа одлични. Телефон за контакт: 075/693-054 Бонус за добредојде…