ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари !

ГОРДО  училиште !

Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада)

СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик од нашиот регион кој ќе учествува на ЈММО ( Јуниорска македонска математичка олимпијада) која ќе се одржи на 9 Мај на Природно Математички Факултет  во Скопје.

За да се стигне до ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада)  патот е тежок. Стефан ги помина сите таканаречени филтри од натпревари за 8 одделение за да стигне до врвот.

-Најдобар на  на општинскиот натпревар

-Најдобар  на регионален натпревар

-Прв на државен натпревар

-Пласман на ЈММО ( јуниорска македонска математичка олимпијада)

Да учествуваш на оваа олимпијада е вистинска реткост. Таму се најдобрите математичари.

–  Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада  ќе се одржи на 9 мај 2026 година.  На ПМФ во Скопје.

–  На оваа олимпијада  ќе се поканат приближно 40 најдобри ученици според резултатите од републичките натпревари за основно и средно образование за учебната 2025/26. Ќе се поканат најдобрите учениците од седмо,осмо  и  деветто одделение, и ученици од 1 год. средно до 15,5 годишна возраст.

–  На оваа олимпијада  учениците ќе решаваат 5 задачи во времетраење од 270 минути. Секоја целосно решена задача се вреднува со 8 поени.

–  Учениците се рангираат според освоените поени. Околу (не повеќе од) две третини од натпреварувачите на олимпијадата ќе освојат медал (златен, сребрен или бронзен). Сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Да му посакаме среќа на ученикот Стефан кој доследно ќе го претставува нашето училиште и нашето Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост