Во сообраќајна незгода загина 32 годишен крушевчанец на регионалниот пат Прилеп – Крушево

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 26.04.2026, во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево, информираат од СВР Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт.

Додека, со телесни повреди се здобила неговата сопатничка С.Б.(29) од Прилеп и возачот на патничкото возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Николовски: Ќе го решиме проблемот со канализационите мрежи во Мало и Големо Коњари

Проблемот со канализационите мрежи во Мало и Големо Коњари ќе биде решен, посочи при денешната работна посета на Прилеп вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на новинарски прашања. Посочи дека дека овој децениски проблем во двете села се должи на нестручно планирање и проектирање на канализационите...

Со целовечерен концерт, танцовото студио „Зодијак“ го одбележува 27-от роденден

Танц студиото ЗОДИЈАК во ЦК „Марко Цепенков“ со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 год./ среда/ во 20 часот ќе го одбележи 27 – от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април. -Со танцов перформанс на сите учесници...

В четврток, од 9 до 15 часот, планирани прекини на електрична енергија

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 30.04.2026год. идниот (четврток) од 09.00 ч. до 15.00 часот во следните населени места во Општина Прилеп : с. Кадино село, Дабница, Маркова чешма, Асфалтна базa, Мермерен комбинат – ,,Ларин”.