Во сабота „Марш за ангелите“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на

29 ноември 2025 г., сабота со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани.

 Да чекориме со љубов, со болка и достоинство, во име на оние што повеќе не можат да чекорат. Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка.

Нашата порака е едноставна, но длабока, за нашите деца, за вистинска правда за Македонија со совест. Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата и дека постои народ што не се откажува од вистината, се вели во писменото соопштение од ЗГ “16 Март 2025 г. Кочани”.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Средба на амбасадорот на ЕУ во Македонија Михалис Рокас со Советот на Општина Кочани

Денеска, Советот на Општина Кочани оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија во  Македонија, Н. Е. Михалис Рокас. Претседателот на Советот Александар Андов истакна дека била реализирана конструктивна средба на која произлегле бројни идеи и предлози за развој на нашата Општина во области како животна средина, спорт, култура… Членовите на Советот на Општина Кочани кои

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас ја посети Општина Кочани

Амбасадорот на Европската Унија Н. Е. Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани. На средбата со градоначалникот Грозданов разговараа за моменталната состојба во Општината по преземањето на функцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат

Почеток на Божиќните пости: Пат на покајание, молитва и благодарност кон Бог

Утре, петок, 28 ноември почнуваат Божикните пости кои ќе траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово-Божик. Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за да можат  верниците, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост. На оваа тема зборвавме со Отец Димитар Арсовски. Од 2 до 6