Во Прилеп тешко повреден уште еден малолетник на мопед

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 05.05.2025 во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...

ФК Братство 07 од Житоше се засилува за враќање во Трета лига -Југ

Некогашниот второлигаш, ФК Братство од Житоше за пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига Прилеп сериозно ги засилува своите редови. Неколку нови фудбалски имиња оваа полусезона ќе го носат дресот ФК Братство 07, коj  идната сезона има аспирации да се врати во Трета лига-Југ. Мерсин Мемеди е новото засилување во нападот....