ФК Братство 07 од Житоше се засилува за враќање во Трета лига -Југ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Некогашниот второлигаш, ФК Братство од Житоше за пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига Прилеп сериозно ги засилува своите редови. Неколку нови фудбалски имиња оваа полусезона ќе го носат дресот ФК Братство 07, коj  идната сезона има аспирации да се врати во Трета лига-Југ.

Мерсин Мемеди е новото засилување во нападот. 28 годишниот напаѓач доаѓа од редовите на Победа од Ивањевци. Средниот ред на екипата е засилен со Омер Јусуфи кои доаѓа од младинската школа. Амер Халиловиќ е новиот крилен напаѓач кој доаѓа од ФК Питу Гули од Крушево заедно со 21 годишниот Самир Салиу кој исто така е крилен напаѓач . Бехар Емини е новото засилување како лев бек, фудбалер кои всушност се враќа во матичниот клуб, по две години поминати во ФК Влазрими од Пресил и ново засилување кои го промовира клубот е Онур Имероски кој ја има улогата на среден играч и претставува значајно засилување за тимот на ФК Братство 07 во новата пролетна полусезона.

Екипата започна со интензивни подготовки и со пријателски натпревари пред стартот на полусезоната. Денеска беше одигран и првиот пријателски натпревар, помеѓу ФК Братство 07 и ФК Влазерими 77-Кичево.

Екипата на братство е на второто место во Општинската фудбалска Б лига со три бода помалку од прво на табелата, Канатласпорт кој ќе биде и првиот противник на тимот во пролетната полусезона на гости во Канатларци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...