ВО ПАРИЗ СО КУЛТУРНИ НАСТАНИ ОДБЕЛЕЖАНИ 95 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Париз-Бонди, 29 март 2026

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржа чествување/комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев по повод 95 години од неговата ненадејна смрт во Париз и 136 години од неговото раѓање.

За ликот и делото на д-р Анастас Коцарев говореа градоначалникот на општина Бонди г.Стефен Ерве и македонскиот амбасадор д-р Игор Николов. Градоначалникот на Бонди г. Стефен Ерве пред гробот на д-р Коцарев уште еднаш ги реафирмира силните француско-македонски културни врски и поврзаност меѓу Охрид и Бонди преку ликот и делото на д-р Коцарев и неговата трагична судбина и прерана смрт кои скоро еден век го оставија научникот да биде заборавен од светот. Од име на општината, градоначалникот Стефен Ерве положи свежо цвеќе на гробот од д-р Коцарев.

Неговата екселенција, амбасадорот Николов истакна дека „д-р Коцарев ги постави темелите врз кои се гради светската научна мисла од областа на радиологијата и и онкологијата и македонската научна мисла и национална свест.“

Амбасадорот Николов гробот на д-р Коцарев го нарече „место на сеќавање, место на почит и инспирација и дека неговите научни истражувања претставуваат мост меѓу Македонија и Европа и доказ дека талентот и упорноста не познаваат граници помеѓу луѓето и помеѓу државите.“

Кулминација во одбележувањето на научната и патриотска дејност на д-р Анастас Коцарев се случи во македонската амбасада во Париз каде амбасадорот д-р Николов организираше прием и ја отвори изложбата на која се најдоа оригинални изданија на книги од д-р Коцарев и пропаганден архивски материјал издаван од Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија во текот на Париската мировна конференција во 1919 година со иницијативи и предлози до преговарачите на конференцијата за извојување на независна држава Македонија. Македонскиот амбасадор д-р Николов зборуваше за важната улога на неговите потомци, истражувачи и ентузијасти кои не дозволија овој голем научник и патриот повторно да биде заборавен.“

АМБАСАДОРОТ Д-Р НИКОЛОВ НАПРАВИ УНИКАТЕН ГЕСТ ЗА Д-Р КОЦАРЕВ

Во чест на светски познатиот научник и 95 години од неговата смрт, амбасадорот Николов  уникатната резбана сала во амбасадата ја именуваше по македонскиот онколог во „Салон д-р Анастас Коцарев“ – гест кој беше поздравен со воодушевување од присутните. Неговата екселенција обелодени дека салонот е дело на охридските резбари и донесени се во амбасадата по нејзината комплетна реставрација и ова е еден симболичен спој на д-р Коцарев со уметничкиот дострел на неговите сограѓани – охридските резбари.

Извор и фотографии: Здружение „Заборавени Македонци“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец при орање нива пронашол гранати

Прилепчанец при обработка на нивата, пронашол гранати од Првата Светска војна и пријавил за нивно отстранување. Имено, вчера ( 18.04.2026) во ОВР Прилеп е пријавено дека во нива на место викано „Горно Садово“, прилепско, се пронајдени гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи. Констатирано...

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја,...

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов „ Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“ Во нивната иницијатива се вели: „Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош...