Над 300 учесници од 17 земји ќе земат учество на 13-то издание на „Krali Marko Trails” несекојдневен авантуристички но и спортски настан исполнет со многу предизвици за самите учесници.Околу 40 волонтери ќе помагаат при самото одржување на настанот како и членовите од прилепскиот извиднички одред Феникс.Околу здравјето и безбедноста на натпреварувачите кои ќе трчаат во планинските предели околу Прилеп , ќе се погрижат спасувачи од Прилеп како и две статички медицински екипи кои ќе ги контролираат учесниците.’
Овој настан изобилува со митски и духовни мотиви ,кои го одземаат здивот велат организаторите па така натпреварувачите посакуваат повторно да се вратат на истите патеки. По стапките на Крали Марко , се уникатни трки во кои што уживаат сите , особено ако се знае дека трките кои се дел од настанот имаат различна должина и нормално различен предизвик за учесниците.
Најдолгата трка на „Krali Marko Trails ” е таканаречената Камена Баба во должина од 40 километри , Treskavec Trails 23 i 13 километри е трката Маркукуле.Стартот на трките е закажсн за во недела , 8-ми март .









