Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“.

„Во тоа стапка сме на промени на постоечкиот генерален урбанистички план, кој што би ги ослободил и стопанствениците, и граѓаните да дојдат полесно и побрзо до градежни дозволи и  Прилеп навистина да стане едно градилиште, во позитивна смисла на зборот, и дополнително да се разубавува. Сега имаме повеќе инфраструктурни активности коишто во моментов се во фаза на градбата, со што Прилеп, на некој начин почнува да влегува во период на нова ренесанса, односно враќање на сјајот, кој што отсекогаш сме го имале, но во последните години, поради сплет на околности, некако потфрливме во делот на градежништвото.“ рече Проданоски.

Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот.

„Искористивме сериозна сума на средства за општински проекти од владините средства. Најчесто се искористени за инфраструктурни проекти. Ќе се поправа водоснабтителниот систем на Прилеп, инфраструктурата, улиците… А, моментно го имаме најголемиот капитален проект, изградба на кружен тек над градската река во Прилеп, кај мостот Табана. Таму се одвиваат сериозни градежни активности, а повеќе од 130 милиони денари се инвестирани во него. Понатаму во фаза на тендерски постапки сме за уште еден мост на ул. „Победа, мостот, кој ќе ги поврзе двете фази од оваа улица. Мостови се градат еднаш можеби на 100 години, а Прилеп ја има таа среќа да во неколку години изградиме повеќе мостови.“ посочи Проданоски

Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од градот да биде поврзан со три нови сообраќајници,  со што се очекува  сериозно намалување на метежот кон центарот и населбите  од овој дел од градот. Моментно,  се грди и во централното градско подрачје каде се врши реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Тоа предизвика реакција кај сопствениците на деловен простор кои имаат проблем со пристапноста до нивните дуќани.

“Мораше да го реконстуираме плоштадот и да се одвиваат градежните активности  во овј период и покрај реакциите на сопствениците на деловни простор чија работа е отежната поради пристапот до нивните деловни објекти, и, знам дека влиаје врз секојдневното нивно работење и врз нивниот бизнис. Но, ќе настојуваме работите да се интензивираат. Сега започнеме со реконструкција и за неколку месеци би се заокружил делот од 2100 квадратни метри од плоштадот „Методија Андонов Ченто“, кој што треба да претставува една урбана современа целина, која би била една од најубавите плоштадски решенија во Македонија.“ рече Проданоски.

Наспоредно ова, Општината, носејќи го Буџетот, предвиде 40 милиони денари за реконструкција и одржување на улиците низ градот, со што е планирано во оваа 2026 година да бидат реконструирни 20 км. патна инфраструктура во Општина Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...