Во Мис Стон проекција на македонскиот филм „Утре наутро“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 6 декември 2025/сабота/ од 19.00 часот во кино Мис Стон  ќе биде прикажан филмот „Утре наутро“. Влезниците за проекцијата се во продажба на билетарницата од киното  денес /четврток/  и утре/ петок/ од 10 до 13.00 часот и од 17 до 19.00 часот и в сабота еден час пред проекцијата.


„Утре наутро“е македонски долгометражен филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи. Филмот претставува моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството. Проектот е реализиран истовремено и како филм и како мини-серија од 5–6 епизоди. Во центарот на приказната се две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа.

Улоги: Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев и др.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќи на плочките и оградите на храмовите

Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат...

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на...