Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна.

Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се пријавиле за гласање од дома.

Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, за Радио Кочани информираше дека гласањето се спроведува согласно изборните прописи и соодветни здравствени протоколи.

Во Кочани, изборниот ден ќе се одвива на 63 избирачки места, распоредени на 59 локации.

За избирачките места со помалку од десет запишани гласачи, гласањето ќе се одвива во најблиските соседни места.

За потсетување, граѓаните  избираат меѓу шест кандидати за градоначалник и девет листи за општинскиот совет.

Право на глас имаат 32.446 граѓани.

Денеска и утре важи предизборен молк, а гласањето утре ќе се одвива во стандардниот термин – од 07:00 до 19:00 часот.

На денот на изборите, граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности или повреди на избирачкото право преку бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител – 0800 54321, која ќе биде активна за време на целиот изборен ден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а