Во Кочани се одржа завршната конференција на проектот „Заедно кон Европа“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на  GREEN HUB – Кочани се одржа завршната конференција на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“, спроведен од Здружението на Роми ,,АВЕНА ,, од Кочани со поддршка од Министерството за односи со заедниците.

Проектот се реализираше во источниот регион на Северна Македонија, најмногу во најголемите општини Кочани и Штип, со цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и да ја поттикне инклузијата, мултиетничката соработка и европските вредности во локалните заедници.

Во рамки на проектот беа спроведени обукиза членови на граѓански организации, фокусирани на темите европски вредности, инклузија, мултиетничка соработка и процесот на ЕУ интеграција. Значаен дел од проектот беа и тематските панел-дискусии, кои ги опфатија трите клучни аспекти на европските вредности и инклузивноста:
„Европски вредности на дело – инклузија и одржливост низ граѓанскиот сектор“,– „Женската перспектива за инклузивни политики и европски вредности; и
„Младите од мултиетнички заедници за европските вредности и ЕУ интеграцијата“,

Преку овие активности беше воспоставена Локална платформа за мултиетничка соработка, која ќе продолжи да функционира како отворен простор за дијалог меѓу институциите и организациите. Во завршна фаза на изработка е и Стратегијата за мултиетничка соработка и инклузивност во јавните политики (2025–2028) – документ кој ќе обезбеди долгорочни насоки за унапредување на јавните политики и зајакнување на учеството на граѓанскиот сектор.

Покрај обуките и панелите, беше реализирана и информативна и промотивна кампања „Заедно кон Европа“, преку теренски активности, медиумски објави и дистрибуција на информативни материјали, насочена кон подигање на свеста за европските вредности, толеранцијата и активно граѓанско учество во процесот на интеграција.

Во рамки на проекотот беше создадена беше и веб-страницата www.zaednokoneu.mk, која останува активна како дигитален ресурсен центар за локалните организации и сите што сакаат да се информираат и да се вклучат во идни иницијативи.

Завршниот настан ја заокружи оваа успешна иницијатива со порака дека проектот „Заедно кон Европа“ создаде мрежа на организации и поединци од источниот регион подготвени да соработуваат, да промовираат европски вредности и да придонесат кон поинклузивна и европска иднина за сите генерации.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ШЕСТКА ВРЕДНА НАД 460.000 ДЕНАРИ

Во 82 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 5, 6, 16, 26, 30 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 465.696,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 52.757.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 1, 4, 3, 9, 6. Добивки со шест и пет погодоци немаше.

Околу 7.000 фирми не им исплаќаат плата на своите вработени

Според статистичките податоци, во државата се вработени вкупно 702.410 лица, а само 538.869 биле на платен список. Разликата меѓу вработените и оние што не земаат плата и не е така мала и излегува дека вкупно 163.541 лице во државата не зело плата. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека дел од овие работници кои

МОДЕРНИ УРЕДИ, НОВА МРЕЖА И СТАБИЛЕН СИСТЕМ Електродистрибуција со проекти вредни над 10 милиони евра

Електродистрибуција инвестира во стабилноста и модернизацијата на електроенергетската мрежа – поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети столбови и воведени далечински уреди за мерење. Електродистрибуција ја интензивира модернизацијата на нисконапонската мрежа низ земјата, со инвестиции вредни повеќе од 10 милиони евра само во првите шест месеци од 2025 година. Целта е јасна – поголема стабилност,