Во Кочани се одржа ретроспективната изложба „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, на 21 ноември се одржа ретроспективната изложба „Бучава што создава идентитет“, посветена на шест децении македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023). Изложбата понуди визуелен и документарен пресек на развојот на македонската рок сцена преку внимателно селектирани фотографии од легендарни бендови, портрети на фронтмени и рачно испишани текстови од познати песни. Поставките го доловија духот на различните генерации што ја градеа оваа музичка традиција, прикажувајќи автентични материјали кои ја носат енергијата и естетиката на епохите што го обликуваа македонскиот рок. Сите фотографии беа поставени на канвас, а текстовите од песните беа презентирани во нивна оригинална форма – онака како што биле напишани од музичарите, фотокопирани и изложени во рамки. Комбинацијата од визуелни материјали, музички елементи и документарни содржини им овозможи на посетителите ретко и интимно доживување на развојот на македонската рок сцена. Настанот беше дел од пошироките активности за зачувување и валоризација на македонското музичко наследство, привлекувајќи голем број љубители на рок музиката и културната историја.

Д.Михајлов

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со

В понеделник околу 12 часот потопување на Светиот Крст во Кочанска Река

Во понеделник, 19 јануари, по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани ќе се одржи традиционалното фрлање на Светиот Крст во водите на Кочанска Река. Настанот ќе започне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани. Потпишувањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г.