Во духот на Велегден – панаѓур во ООУ Климент Охридски Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Традиционално предвелигденски џагор денеска во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп. Се одржа панаѓур во дворот на училиштето, убав настан за дружба и радост. Многу насмевки, радост, но можност да се покаже она што има да се изложи изработено од вештите раце на учениците, со помош на нивните родители.
„Како што Велигден најголемиот христијански празник ни носи порака за надеж и нов почеток, така и ние, заедно, можеме да создадеме свет исполнет со радост, љубов и разбирање.
Нека овој панаѓур биде поттик да го живееме духот на Велигден – да бидеме добри, да помагаме и да веруваме во силата на добрината
За многу години Велигден, посочи Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“ Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....