Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика.

„Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун. Налогот од 2 милијарди денари е во Трезор, рокот законски е до 30 ти јуни, сакам и тоа да се знае и она кое што за мене претставува особено задоволство кога станува збор за тутунарите: ако пред 4 години кило тутун беше 150 денари, сега веќе се потпишуваат договори на 450 денари, тоа е разликата 3 спрема 1.  И она што е различно е дека тогаш имавме 16,17 18 милиони килограми тутун, а сега имаме 26,27, 28 милиони килограми тутун“, рече Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година.

– Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...