Во ЦК „Бели мугри“ беше отворена изложбата на карикатури од Интернационалниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчеравечер во Салонот 2 при Центарот за култура „Бели мугри“ беше отворена  изложбата на карикатури од Интернационалниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

Директорката на Домот на културата „Тошо Арсов“  – Виница, Благица Стојановска посочи дека годинава на конкурсот за карикатури на тема „Кој прв започна“ пристигнале над 420 творби од 170 карикатуристи од 43 држави од светот.

Стручната соработничка за визуелни уметности Александра Димитрова од Центарот за култура „Бели мугри“ ги покани сите кои можат во наредните две недели да ги погледнат делата.

Инаку, Габриела Стефановска е новата в.д директорка во Центарот за култура „Бели мугри“ и има над дваесет годишно искуство во самата институција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Љубов за сите“ со Јулија: Дојдете заедно да ја споделиме болката и тагата за чедата кои заминаа во вечноста

Во малата сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот  ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто

„Марш на ангелите“ во Скопје, родителите со порака до сите граѓани

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија дека уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. Нашите

„ТИТАН Усје“ обезбеди генератор за Општата болница со проширена дејност – Кочани

Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата