Тоше Стојанов назначен за началник на ОВР – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од денеска, Тоше Стојанов официјално ја презеде функцијата началник на ОВР – Кочани, откако беше назначен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Стојанов доаѓа на највисоката раководна позиција во Одделението за внатрешни работи – Кочани со повеќе од десет години професионално искуство во полициските структури.

Во текот на својата кариера, тој работел во специјализирани полициски единици, каде стекнал значајно оперативно искуство, особено во делот на безбедносните предизвици и справувањето со организиран криминал.

Посебен акцент во неговото досегашно работење е ангажманот како инспектор за сузбивање на недозволена трговија со дрога, област во која има реализирано повеќе активности насочени кон откривање и спречување на криминални мрежи.

Функцијата началник на ОВР – Кочани претставува највисока раководна позиција во рамки на оваа институција, со одговорност за координација на безбедносните активности и одржување на јавниот ред и мир на локално ниво.

Стоајнов пред да дојде на функцијата началник, во месец февруари годинава беше назначен за началник на надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР-Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МВР со информација во врска со сообраќајната несреќа

Четириесет и двегодишен мотоциклист загина во тешка несреќа на патот Штип-Делчево, соопшти СВР Штип. Според информациите, несреќата се случила синоќа кога мотоциклистот се судрил со товарно возило. На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило

КЈП „Водовод“ – Кочани со апел до граѓаните по повод Рамазан Бајрам: Отпадот да се одлага на означени локации

Почитувани корисници, По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, се повикуваат граѓаните од муслиманска вероисповед да отпадот кој ќе се направи од животните кои се колат да го фрлаат во контејнерите кај Фабрика за Вода и кај Градски Пазар. Ви благодариме за разбирањето! Со почит, КЈП Водовод Кочани