Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница.

При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта.

Во врска со истиот настан, Е.Ш.(43) од Виница во ОВР Виница пријавила дека таа и нејзиниот сопруг Ј.К.(34) биле физички нападнати од Е.А.(34) во дворот од нивната семејна куќа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 27.04. 2026 околу 23:00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ј.Ј.(42) од Кочани.

При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управува возилото без претходно да се стекне со право на управување на возило од Б категорија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка