Владатa донесе одлуки за ограничување на маржите на вештачките ѓубрива

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство Владата на Република Македонија, на иницијатива на Министерството за економија и труд и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе повеќе одлуки со кои ги ублажуваме последиците предизвикани од конфликтот во Иран, информира преку својата ФБ старница, заменик министерост за економија и труд, Марјан Ристески.

Една од гранките која силно ги чуствува негативните последици е земјоделието, каде покрај поскапувањето на енергенсите домашните земјоделци чувствуваат сериозен притисок и на поскапувањата на земјоделските репроматеријали (ѓубрива) кои имаат голем удел во создавањето на цените на земјоделските производи.
За таа цел Владата на Република Македонија донесе две одлуки со кои како највисоки цени нa залихите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година, намалени за 10 %; се ограничува највисоката бруто профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива на 5 %; се ограничува највисоката бруто профитна маржа во трговијата на големо и мало на органските ѓубрива, органо минерални ѓубрива, биостимулатори и подобрувачите на својства на почвата на 10%.
Со овие одлуки, кои влегуваат во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија и ќе се применуваат до 31 мај 2026 година, директно се помага земјоделското производство и се влијае на спечување на пораст на цените на земјоделските производи. За потсетување, досега Владата донесе повеќе одлуки со цел намалување на цените на нафтените деривати што придонесе како држава да имаме најниски цени на гориво во регионот. Внимателно ја следиме состојбата и ќе продолжиме да делуваме за заштита на стандардот на граѓаните и домашната економија,“ пишува на својот ФБ порфил Заменик Министерост за економија и труд, Марјан Ристески.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...