Учениците од СОУ “Р.Р. Ричко – Прилеп“ пример за одговорност и грижа за околината

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Тргнаа од “сопствениот двор“, како вистински домаќини, започнаа еко акција од своето училиште, за да послужат како пример на другите – учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ уште еднаш покажаа дека младите се движечка сила за позитивни промени во заедницата. Во рамки на иницијативата „Рециклирам, значи постојам“, тие организираа акција за собирање хартија и нејзино рециклирање, со цел да придонесат за почиста и поздрава животна средина и акција од своето училиште и своите домови, а продолжија и во институциите собирајќи на 1000 кг хартија.

Непотребната хартија се носеше во големи количини и се чекаше во ред да се достави на соодветно место за рециклирање. Па, со ово чини  и со својата еко енергија и ентузијазам, учениците не само што успеаја да соберат значителни количини хартија, туку и испратија силна порака дека секој може да придонесе за заштита на природата. Нивниот пример е доказ дека малите чекори водат кон големи промени.

 

Горди сме што покажавме дека  ние младите можеме да бидат пример за одговорност и грижа за околината,“ велат учениците кои учествуваа во акцијата.

 

Иницијатива,која трае веќе 10 дена, и е како дел од одбележувањето на 22-ри Април, Денот на планетата Земја,  е потсетник дека рециклирањето не е само обврска, туку и начин да се изгради свест за одржливост и заедничка иднина.

Еко – акцијата „Рециклирам, значи постојам“ на СОУ „Р.Р. Ричко“ треба да биде инспирација и за другите училишта, организации и граѓани. Секој може да се приклучи со собирање хартија, пластика или друг отпад кој може да се рециклира.

Така, заедно ќе изградиме почиста и поздрава средина за сите„, порачуваат од СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...